сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул постави рекорд по голови во една сезона

Ливерпул постави рекорд по голови во една сезона

Ливерпул синоќа го победи Виљареал со 3:2 во реваншот од полуфиналето на фудбалската Лига на шампионите. Англискиот тим ги постигна сите погодоци во вториот дел и постави клупскиот рекорд за најмногу постигнати голови во една сезона во сите натпреварувања.

Избраниците на Јирген Клоп оваа сезона постигнаа 139 голови на 57 натпревари. Во првата средба Ливерпул на домашен терен победи со 2:0, па вкупен пласман во финалето.

Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 28 мај во Париз.

Ривалот на тимот на Јирген Клоп ќе биде победникот од пресметката помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. Англискиот тим го доби првиот натпревар со 4:3.