петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лопетеги ќе го предводи Реал на „Ел Класико“

Лопетеги ќе го предводи Реал на „Ел Класико“

Директорот на Реал за меѓународни односи, Емилио Бутрагењо информира дека Хулен Лопетеги ќе ја предводи екипата на натпреварот од десеттото коло на шампионатот на Шпанија со Барселона. Средбата е закажана за в недела (28 октомври).

– Дали Лопетеги ќе го води Реал на „Ел Класико“? Да, на апсолутно нормален начин. Во ваква ситуација многу е важно да се задржи смиреноста, солидарноста и вербата во нашите играчи. Слушнавме гласини за оставка на Лопетеги до дуелот со Барселона. Но, со доверба ќе му пристапиме на натпреварот на „Камп Ноу“ кој е одлична мотивација за сите, и се надеваме дека ќе имаме добро издание, рече Бутрагењо.

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека Лопетеги ќе биде отпуштен од Реал веднаш по вчерашниот натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите против Викторија Плзен (2:1), без оглед на резултатот.