Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги се уште не знае дали играчот од средниот ред Иско ќе биде во составот за утрешниот дуел со Севиља.
26-годишниот шпански репрезентативец одвоено од своите клупски колеги се подготвуваше за средбата на стадионот „Рамон Санчез Пичуан“.
Лопетеги пред самиот дуел ќе одлучи дали ќе го стави Иско во игра.
Шпанскиот клуб не даде повеќе информации за состојбата на до скоро повредениот фудбалер.
И дефанзивецот Дани Карвахал, исто така, не тренираше со тимот ова утро поради проблеми со мускулите.
Реал Мадрид со Барселона по пет рунди во Ла Лига се на делба на првата позиција со по 13 бодови. (МИА)