понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лорис: Нè чека супер финале

Лорис: Нè чека супер финале

Голманот на француската фудбалска репрезентација Хуго Лорис најави дека во недела пресметката на Франција и Аргентина за „златната божица“ ќе биде суперфинале, откако светскиот првак успеа со триумфот со 2-0 да го победи Мароко и да дојде на чекор да биде прва селекција по 60 години која успеала да го одбрани пехарот после Бразил во ерата на Пеле.

„Сега имаме сè за големо, супер финале. Аргентина е навистина голем тим, покажаа колку компетитивни може да бидат низ целото ова СП, а имаат фудбалер кој остави силен белег и ја одбележа историјата на овој спорт“, рече Лорис.

Тој посочи дека сега Франција има златна шанса да се запише во најблескавата историја на светскиот фудбал ако ја одбрани круната.

„Страдавме многу на овој меч, мораше да дадеме многу за да излеземе и како победници, ама и да не примиме гол. Сега ни се укажува шанса, златна шанса да ја запишеме Франција во историјата на фудбалот“, додаде Лорис.