понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лорис: Знаеме што значи Меси за фудбалот, но ова е меч меѓу Франција и Аргентина

Лорис: Знаеме што значи Меси за фудбалот, но ова е меч меѓу Франција и Аргентина

Франција има историска шанса да ја одбрани светската титула, со победа во неделното финале против репрезентацијата на Аргентина.

„Се фокусираме на поддршката од нашите навивачи, ништо друго не ни е важно. Малкумина веруваа во нас на почетокот, но сега сме во финалето, четири години по претходното финале и ќе направиме сè за да победиме. Знаеме што значи Меси во историјата на фудбалот, но на крајот на денот ова е меч меѓу Аргентина и Франција“, изјави Хуго Лорис, голманот на француската репрезентација.