недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лоши вести од Дортмунд, Але ќе мора на хемотерапија поради туморот на тестисите

Лоши вести од Дортмунд, Але ќе мора на хемотерапија поради туморот на тестисите

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але доби лоши вести на последната контрола од својот доктор, играчот ќе мора да помине и хемотерапија.

На Себастијан Але пред извесно време му беше дијагностициран рак на тестисите по што му беше направена операција и се чекаа резултати.

За жал последните резултати се дека се работи за малигнен тумор на тестисите и ќе мора да оди на третман со хемотерапија поради што ќе направи подолга пауза од терените.

„Себастијан ќе добие најдобар можен третман. Шансите за заздравување се многу добри. На него и на неговото семејство им посакуваме сила и оптимизам. Нашите мисли се со нив во овој тежок период. Би ги замолил медиумите, навивачите и сите луѓе да разберат дека нема да даваме нови информации за состојбата на Але во блиска иднина“, изјави спортскиот директот на Дортмунд, Себастијан Кел.