Македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас и неговиот Наполи загубија со 1-0 на гостувањето кај Милан на „Сан сиро“ во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Откако „наполитанците“ не успеаја да ги искористат своите шанси во првото полувреме казната стигна преку Бенасер кој во 40. минута донесе водство од 1-0 за „росонерите“, резултат со кој се замина на пауза.
На почетокот на второто полувреме македонскиот дијамант имаше убава шанса да постигне погодок, но неговиот удар со глава на среќа на Мењан и навивачите на „росонерите“ заврши во пречката. Наполи во 75. минута остана со играч помалку откако Замбо-Ангиса доби втор жолт картон.
Иако беа со играч помалку, фудбалерите на Лучијано Спалети нападнаа да дадат израмнувачки погодок, но голманот Мењон ја зачува победата за Милан.
Македонскиот репрезентативец беше стартер за својот тим и го одигра целиот натпревар.
Во вториот натпревар од денешната понуда Реал Мадрид на домашен терен славеше над Челси со 2-0. „Кралевите“ поведоа со 1-0 со голот на Карим Бензема во 22. минута. Голема глупост направи Бен Чилвел кој го фаулираше Винициус Жуниор и со тоа доби директен црвен картон во 59. минута. Ова го искористи Реал Мадрид кој преку Асенсио во 74. минута ги постави конечните 2-0.