Наполи ќе биде ослабен во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите во Милано со неиграњето на најдобриот стрелец Виктор Осимен.
Нигериецот не успеа да се опорави од повредата на мускулот добиена за време на репрезентативната пауза. Тој се појави на последниот тренинг пред натпреварот, но брзо го напушти, што беше јасен знак дека нема да може да му помогне на тимот во овој важен меч.