среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛШ: Шериф на Боби Николов го шокираше Реал Мадрид, ПСЖ ја доби битката против Сити

ЛШ: Шериф на Боби Николов го шокираше Реал Мадрид, ПСЖ ја доби битката против Сити

Манчестер Сити почесто ја имаше топката во своите нозе, но не ги реализираше своите шанси, овозможувајќи на ПСЖ да дојде до победа (2:0) во дербито од Лигата на шампионите.

Резултатот го отвори Идриса Геје во 8. минута, во меѓувреме Донарума беше сигурен на голот, а Сити не можеше да ја затресе неговата мрежа, по што казната стигна преку Меси во 74. минута.

За Аргентинецот ова е прв гол во дресот на ПСЖ и погодок кој донесе посебна радост кај домашните фанови.

Тимот на нашиот Бобан Николов (влезе во судиското продолжение) поведе уште во 25. минута, Реал израмни од пенал преку Бензема во вториот дел, а шокот следуваше во 90. минута.

Тил постигна спектакуларен погодок, Куртоа не можеше да направи ништо, а Шериф освои историски три бода во дуелот со Реал Мадрид.

На другите натпревари одиграни вечерва во ЛШ:

Порто-Ливерпул 1:5

Милан-Атлетико Мадрид 1-2

Борусија Д-Спортинг 1:0

РБ Лајпциг-Бриж 1:2