среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛШ: Шкендија ја чека полн стадион на утрешниот реванш против Мура

ЛШ: Шкендија ја чека полн стадион на утрешниот реванш против Мура

Македонскиот фудбалски првак Шкендија пред полн стадион ќе го игра утрешниот реванш натпревар против словенечкиот претставник Мура во кој ќе се обиде да ја надомести негативата од 0:1 од првиот натпревар и да избори пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ).

Како што јавуваат словенечките медиуми, натпреварот против Шкендија предизвикува голем интерес меѓу навивачите на Мура и стадионот „Фазанерија“ во Мурска Собота ќе биде максимално исполнет за утрешниот натпревар што започнува во 20 часот.

Стадионот во Мурска Собота има капацитет од 5.500 седишта, но поради ковид-протоколот, во продажба за дуелот против Шкендија се пуштени 4.000 влезници.

Екипата на Шкендија денеска со чартер-лет пристигна во Словенија и вечерва ќе го одржи единствениот тренинг на стадионот „Фазанерија“.

Победникот од двомечот меѓу македонскиот и словенечкиот првак за противник во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони ќе го има поуспешниот од пресметката меѓу Лудогорец од Бугарија и Шахтјор Солигорск од Белорусија.