Зенит ја најави победата преку Клаудињо после само девет минути игра, а само што почна второто полувреме, четири минути по стартот, Кузјајев даде и втор гол.
Сутормин на десет минути пред крајот и Вендел во 95-та ја заверија победата со која Зенит се врати во трката за место во осминафиналето после воведниот пораз пред две недели со 0-1 од Челси.
Италијанскиот репрезентативец Матео Песина со голот во 68-та минута од мечот донесе минимална победа на Аталанта против Јанг Бојс со 1-0, прва за бергамашите сезонава во ЛШ за четврти бод досега после ремито 2-2 со Вилајреал во првото коло.