Лучијано Спалети убедливо победи во изборот за тренер на годината во Италија.
Наполи по цели 33 години е повторно шампион во Италија, а тренерот од Тоскана титулата ја донесе на убедлив начин.
Во изборот за тренер на годината дилеми немаше. Спалети ги победи Италијано и Инзаги, кои завршија на второто и третото место.
Спалети најави дека му е потребен одмор од фудбалот, па ќе паузира од менаџирањето една сезона. Прв кандидат да го наследи е Винченцо Италијано.