сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лудо обвинување кон Меси: Го наместил натпреварот против Саудиска Арабија!

Лудо обвинување кон Меси: Го наместил натпреварот против Саудиска Арабија!

Цел свет е во шок по поразот на Аргентина од Саудиска Арабија, но сите се уште повеќе шокирани од обвинението кое по мечот е упатено кон најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси.

Скандалозно е тоа што обвинувањата доаѓаат од сериозен медиум како шпанскиот дневен спортски весник АС. Според авторот или редакцијата, Меси го наместил натпреварот, односно директно влијаел Аргентина да загуби. Причината е најблаго речено – луда.

„Шокантната победа не тера да се прашаме не само како Аргентина загуби од вториот најевтин тим на Мундијалот, туку како Саудијците ја прекинаа серијата од 36 натпревари без пораз на ‘гаучосите’ која траеше три и пол години. Покрај сето тоа, изгледа дека Меси е промотор на Саудиска Арабија.

Во мај оваа година, најдобриот и најпознат фудбалер на планетата потпиша договор да ја промовира Саудиска Арабија. Договорот е конкретно за државно вложување во туризам, но не може да не се забележи дека Саудиска Арабија посакува да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030 година“, пишува во скандалозниот текст на АС.

Уште поинтересно е тоа што меѓу кандидатите за организација на Мундијалот во 2030 година е и татковината на Меси, Аргентина, заедно со Парагвај, Чиле и Уругвај.