среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис Енрике: Барав од играчите да шутнат по 1000 пенали

Луис Енрике: Барав од играчите да шутнат по 1000 пенали

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике имаше една изјава со која одново го свре вниманието кон себе.Една од опциите е оваа битка да биде решена на пенали, па Енрике обелодени дека побарал од неговите играчи во изминатиот период да вежбаат удари од 11 метри.

-Пред повеќе од една година им реков на играчите: Имате домашна задача пред Светското првенство, мора да изведете најмалку илјада пенали во вашите клубови. Не можете да вежбате пенали само кога сте во репрезентација.Голманот е клучен во пенал рулетот. Сите тројца наши голмани добро бранат пенали. Имаме подготвени фудбалери кои добро изведуваат пенали. Тоа е момент на голема напнатост каде што треба да ги опуштите нервите и да го издржите притисокот. Тоа е момент кој го дефинира играчот, -истакна Енрике кој сепак се надева дека неговите избраници ќе ја завршат работата по 90 минути. Имаме јасна идеја. Не треба да доминираме со сите противници 90 минути. На Светското првенство ги имате најдобрите тимови, играте против врвни тренери и играчи, заклучи Лучо.