Фудбалерот од средниот ред Лука Модриќ со повреда се врати во Реал Мадрид од настапот за хрватската репрезентација.
37-годишниот Хрват ќе пропушти околу десет дена и веројатно нема да настапи на три натпревари.
Според распоредот во Примерa, Модриќ нема да го игра натпреварот против Осасуна кој е закажан за в недела, а европските дуели со Шахтјор на домашен и гостински терен ќе ги прескокне во Европа.
Оваа сезона, играчот од средниот ред забележа осум настапи за тимот во сите натпреварувања, зачинети со два гола и една асистенција.
Договорот на Модриќ со Реал Мадрид е со важност до летото 2023 година.