вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку добива идеален партнер во нападот, Челси ќе тргне по потписот со Лаутаро Мартинез

Лукаку добива идеален партнер во нападот, Челси ќе тргне по потписот со Лаутаро Мартинез

Новиот сопственик на Челси, Тод Боли, планира првото засилување да му биде од Италија со кое се надева дека ќе го врати во живот Ромелу Лукаку, тоа е неговиот партнер од нападот во Интер, Лаутаро Мартинез.

Лукаку минатото лето за 115 милиони евра пристигна на „Стемфорд бриџ“ но имаше разочарувачка сезона и во вториот дел од сезоната дури го загуби местото во првиот тими најави заминување. Белгиецот на 44 натпревари постигна само 15 гола, а италијанските медиуми во изминатите денови пишуваат дека тој ќе се врати во Интер каде го имаше најдобриот период во кариерата.

Но, денеска англиските медиуми пишуваат дека Челси не размислува за продажба туку е заинтересиран на „Стемфорд бриџ“ да го донесе неговиот партнер во нападот од Интер, Лаутаро Мартинез.

Новиот сопственик на Челси, Тод Боли е подготвен да плати 70 милиони евра.

На евентуалното доаѓање на Мартинез во Челси, највеќе ќе се израдува токму Лукаку бидејќи во сезоната во која Интер ја освои титулата во Серија А, бидејќи Белгиецот постигна 47 гола.

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI