понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку ја одби понуда од Саудиска Арабија за 25 милиони евра годишно, сака да остане во Интер

Лукаку ја одби понуда од Саудиска Арабија за 25 милиони евра годишно, сака да остане во Интер

Ромелу Лукаку одби понуда од Саудиска Арабија. Тоја сака да остане во Интер, објави „La Gazzetta dello Sport“.

Интер има амбиција да се бори за Скудетото следната сезона. Претседателот на клубот Стивен Џанг му кажа на Симоне Инзаги дека е задоволен од неговата работа. Тренерот како одговор побара да се засили тимот.

Исто така, Инзаги побара од раководството на Интер да направи се за да го задржи Ромелу Лукаку. Претставници на Интер наскоро ќе се сретнат со лица од Челзи за да разговараат за иднината на Лукаку.

На состанокот со застапници на Ал-Хилал во Париз не присуствуваше адвокат или претставник на играчот, туку посредник. На Ромелу му беше понуден договор за 25 милиони евра по сезона, но напаѓачот одби да се пресели во саудискиот клуб. Тој сака да игра за Интер и чека акција од клубот.

Доколку успее трансфер или позајмица на Лукаку, следната цел на Интер ќе биде централниот играч за врска на Сасуоло, Давиде Фратеси.