петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луксузната вила на Бензема ограбена додека тој играше против Елче

Луксузната вила на Бензема ограбена додека тој играше против Елче

Според пишувањата на шпанските медиуми, додека францускиот напаѓач Карим Бензема играл во натпреварот на Реал Мадрид против Елче, неговиот дом бил ограбен од неидентификувани лица.

34-годишниот фудбалер играше против Елче додека неговата луксузна вила во Сан Себастијан де лос Рејес била ограбена. Крадците, според пишувањата на шпанските медиуми, влегле во неговиот дом преку градината.

За среќа, неговата резиденција во моментот на кражбата била празна. Идентитетот на крадците е непознат засега, додека не е познато што е украдено.

Не е првпат Бензема да биде цел на крадци, во февруари 2019 година неговиот дом беше ограбен додека играше во мечот меѓу Реал и Барселона.

Со вчерашниот инцидент заврши ужасниот викенд за Бензема кој промаши и пенал на почетокот на натпреварот против Елче.