четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Маката“ на се’ ќе те натера: Луди идеи на навивачите, еве како се обидуваат да внесат алкохол на натпреварите на СП

„Маката“ на се’ ќе те натера: Луди идеи на навивачите, еве како се обидуваат да внесат алкохол на натпреварите на СП

Навивачите на Англија дојдоа до идеја да шверцуваат пиво на натпреварите на Светското првенство во Катар, откако алкохолот беше забранет на стадионите.

Единствената официјална станица каде навивачите можат да се напијат е фан зоната во центарот на Доха, каде што се продава само Budweiser по цена од речиси 12 долари.

Алкохолот не е нелегален во Катар, но да се биде пијан на јавно место е кривично дело. Затоа постои политика на нулта толеранција за пиење на улица.

Навивачите на Англија бурно реагираа на оваа забрана, а некои ветија дека сепак ќе се опијанат пред натпреварите. Сега навивачите на шега смислуваат идеи како да донесат алкохол на стадионите.

Еден обожавател предложи да ги прекријат лименките со пиво со налепница од Кока-Кола, што ќе им овозможи да ги измамат безбедносните проверки.

Други предложија да се понесе пакет за хидратација што содржи алкохол, а една од идеите е и да се наполни лубеница со алкохол.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја отфрли загриженоста, иако забраната може да ја чини неговата организација 40 милиони долари.

-Искрено, ако ова е најголемиот проблем што го имаме за Светското првенство, веднаш ќе одам на плажа и ќе се релаксирам до 18 декември“, рече тој.

Тој додаде дека секоја одлука на овој Мундијал е заедничка одлука на Катар и ФИФА.