вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија без Пандев, Несторовски и Елмас за историскиот меч со Грузија?

Македонија без Пандев, Несторовски и Елмас за историскиот меч со Грузија?

Де Лаурентис побара, властите во Италија размислуваат да го усвојат предлогот на првиот човек на Наполи – интернационалците да добијат забрана за излез од земјата, пишува Дриблинг.мк.

Ситуацијата со Ковид-19 пандемијата на Апенините е критична, вчера беа потврдени нови 16 079 заболени со вирусот а активни случаи има 169 302.

Поради ова властите во Италија размислуваат за ново затворање на државата, воведување на полициски час и карантин во одредени области. Се зависи од бројот на новозаразени. Сезоната во Серија А, засега не е ставена под знак прашалник, но можни се промени во распоредот и начинот на организација на самите натпревари.

Ова значи дека Елиф Елмас, кој се уште е позитивен на Ковид-19 и не игра за Наполи, Илија Несторовски од Удинезе како и Горан Пандев од Џенова нема да можат да и помогнат на Македонија во битката со Грузија во финалето од Лигата на нации, за пласман на следното Европско првенство, стои во текстот.

Целиот текст може да го прочитате на Дриблинг.