Откако на почетокот на овој месец, угледниот француски весник „Ле Паризиен“, објави дека УЕФА сериозно размислува да и ја даде организацијата на Европското првенство на Русија, англиските медиуми денеска објавија нова информација.
Лондонски „Дејли Мејл“ повикувајќи се на неименувани извори, објави дека УЕФА планира да ја назначи Велика Британија за единствен домаќин на Европското првенство.
Првичнот план е ЕП да се одржи во 12 градови ширум Европа, а според распоредот Македонија своите натпревари треба да ги игра во Букурешт, против Австрија и Украина, и Амстердам, против Холандија.
„Дејли мејл“ пишува дела УЕФА и англиската фудбалска Федерација веќе се во преговори за преместување на Првенството на британско тло.
Натпреварите, наводно, би се играле во Англија, Шкотска и Велс.