сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Макрон му напиша на Мбапе зборови на поддршка

Макрон му напиша на Мбапе зборови на поддршка

Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа напаѓачот на репрезентацијата Килијан Мбапе по елиминацијата на „триколорите“ од ЕВРО 2020. Франција загуби во понеделникот од Швајцарија во осминафиналето (3:3, на пенали 4:5).

Политичарот му напишал порака на 22-годишниот напаѓач со зборови на поддршка, пренесува „РМЦ Спорт“, повикувајќи се на „Ле Паризиен“.

За потсетување, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, не го реализираше решавачкиот пенал на мечот со Швајцарија. Мбапе ниту еднаш не се запиша во листата на стрелците на четирите натпревари на Франција на Евро 2020.