сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед е најгледан тим во Премиерлигата

Манчестер Јунајтед е најгледан тим во Премиерлигата

Англискиот фудбалски тим Манчестер Јунајтед е најгледан тим сезонава во Премиерлигата, ако се земат бројките само кога екипите во најсилната лига во светот играат дома.

Имено тимот од “Олд Трафорд“ сезонава на свој терен вкупно “собрал“ 1.034.913 гледачи или во просек по 73.913 фанови, а тоа е повеќе од импресивно ако се знае дека капацитет на стадионот е 74.301. Ова значи дека мечевите на Јунајтед секогаш се со преполни трибини.

Интересно, Ливерпул не е во ТОП – 5 и тоа поради фактот дека “Енфилд“ е далеку од тоа дека важи за еден од најголемите стадиони.

Инаку изненадувачки, на второ место е Вест Хем, а потоа следуваат Арсенал, Тотенхем, Манчестер Сити.

 

ТАБЕЛА

1.Манчестер Јунајтед 1.034.784 гледачи

2.Вест Хем 936.874

3.Арсенал 903.073

4.Тотенхем 836.151

5. Манчестер Сити 744.720.