Медиумите во Англија пренесуват дека претставници на фудбалерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез во понеделник ќе пристигнат во земјата во обид да обезбедат трансфер на играчот од средниот ред во Премиер лигата.
Во моментов два клуба се сериозно заинтересирани за услугите на 26 годишниот фудбалер кој цела професионална кариера игра во дресот на Атлетико Мадрид.
„Мирор“ пренесува дека Манчестер Јунајтед и Ливерпул се најсериозните кандидати за потписот на шпанскиот репрезентативец кој би чинел околу 40 милиони фунти, иако во неговиот договор има откупна клаузула од 128 милиони фунти. Манчестер Јунајтед ќе тргне по Саул само доколку во клубот им стане јасно дека Пол Погба и дефинитивно ќе си замине за да игра во таборот на ПСЖ.