Навивачите на Манчестер Јунајтед предизвикаа хаос во пресрет на дербито со Ливерпул кое требаше да се одигра во неделата.
Тие влегоа на тревникот на „Олд Трафорд“ и ја натераа Премиер лигата да го одложи натпреварот. Причина за нивните протести се газдите Глејзер, од кои бараат да го продадат клубот. Тимот на Оле Гунар Солскјер би можел сега да се соочи со одземање на бодови, пишуваат англиските медиуми. Лигата ќе направи истрага за причините околу случувањата и ќе бара одговорност од надлежните органи.
Правилото вели дека секој клуб ќе остане без одреден број бодови, ако не успее да обезбеди безбедност за судиите, играчите и стручните штабови, на и надвор од стадионот. Покрај паричната казна и одземањето на бодови, ФА би можела да донесе одлука за затворање на теренот и суспензија од натпреварувања за клубот.