Селекторот на Италија, Роберто Манчини беше видно вознемирен и разочаран по поразот од Македонија во полуфиналниот бараж за СП.
-Ова е повеќе од разочарување, немам што да кажам. Вечерва се случи нешто неверојатно. Заслуживме да бидеме европски прваци а сега немавме среќа, жал ми е за фудбалерите. Не знам дали ќе останам селектор, ќе видиме, сега сум многу разочаран за да размислувам за иднината, изјави Манчини.
Италијанските медиуми почнаа со анализи за тоа дали треба да се менува селекторот или да се направи нов рез во репрезентацијата и да се промени костурот на тимот.