Селекторото на Италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини изјави дека Италија атакува кон континенталниот пехар и се очекува да биде дел од завршницата на турнирот.
„Знам кои играчи ќе бидат во стартните 11, но оставам простор за промени до последен момент. Имаме многу квалитетни играчи кои може да ја направат разликата на теренот. Понекогаш ми е тешко кога морам да бирам, но факт е дека уживам луксус како ретко кој друг селектор. Сакаме да продолжиме со нашиот поход и се надевам дека до крајот ќе одиграме уште три натпревари покрај вечерашниот против Австрија“, истакна Манчини.