петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манџукиќ не сака да игра во Борусија Дортмунд

Манџукиќ не сака да игра во Борусија Дортмунд

Напорите на Борусија Дортмунд да го привлечат Марио Манџукиќ најверојатно ќе завршат со неуспех.

Според „Билд“, на крајот од минатата недела, Хрватот им соопштил на „жолто-црните“ дека не сака да се пресели во тимот.

Причината е дека по силното претставување на Светското првенство, Манџукиќ е решен да го задржи своето место во Јувентус, со кого има  договор до 2020-та.

Борусија се обиде со сѐ за да го убеди напаѓачот, откако преговори со него водеше советникот на клубот Матијас Замер, кој работеше заедно со Манџукиќ во Баерн.

На тој начин, Дортмунд продолжува со потрагата по нов напаѓач, со ризикот да ја започне новата сезона без големо име во првите редови.

МИА