четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мане е петтиот играч на Ливерпул кој достигнал 50 гола на Енфилф во Премиер лигата

Мане е петтиот играч на Ливерпул кој достигнал 50 гола на Енфилф во Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, постигна гол на денешниот натпревар од второто коло во Англиското фудбалско првенство против Барнли.

За Сенегалецот ова е 50. гол за „црвените“ на „Енфилд“ во Премиер лигата. Дотогаш, само четворица играчи во историјата на Ливерпул ја достигнаа оваа граница: Роби Фаулер, Стивен Џерард, Мајкл Овен и Мохамед Салах.

Ливерпул го доби натпреварот со 2:0, а покрај Мане во листата на стрелците се запиша и Диего Жота. (МИА)