сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мане е веќе со мислите во Баерн: Познати деталите од преговорите

Мане е веќе со мислите во Баерн: Познати деталите од преговорите

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, ги договорил личните услови со баварскиот тим, а останува само двата клуба да се договорат во врска со обештетувањето.

БИЛД потсетува дека Мане и претходно изразувал желба за нов предизвик во кариерата, откако шест години мина во англискиот клуб.

„Баерн сака да ја пополни празнината во нападот, откако клубот најверојатно ќе се раздели со Роберт Левандовски. Мане со Баерн Минхен се договори на тригодишен договор по кој ќе заработува по 20 милиони евра по сезона“, тврди БИЛД.

Германскиот весник исто така истакна дека Баерн на Ливерпул му нуди 30 милиони евра нагодба, како обештетување, додека Ливерпул бара 20 милиони повеќе.

Германскиот клуб е подготвен да исплати 10 милиони плус, во бонуси, но не повеќе, па таму ќе се крши копјето околу двете страни.