Баерн Минхен на убедлив начин ја почна турнејата низ САД, па во контролен натпревар го совлада Ди Си Јунајтед со 6-2.
Натпреварот се одигра на стадионот „Ауди Филд“ во Вашингтон и ќе се памети по деби головите на новите засилувања на Баварците – Садио Мане и Матијас де Лихт.
Сенегалецот прв ја затресе мрежата уште во петтата минута од пенал, а на Де Лихт му требаа само две минути откако влезе во игра на полувремето.