Садио Мане е најзвучното засилување на Баерн Минхен во летниот преоден рок. Јулијан Нагелсман доби уште една квалитетна опција во нападот за следната сезона.
Сенегалецот по шест години си замина од Ливерпул. Во новиот клуб одлучи да го носи дресот со број 17, што изненади голем дел од фановите.
Напаѓачот се одлучил за овој број меѓу слободните во баварскиот тим. Додека беше дел од англискиот гигант на грбот му стоеше „десетката“.
Мане со новиот договор со Баерн ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона.