Сè повеќе се засилуваат шпекулациите околу евентуален трансфер на Садио Мане во текот на летниот преоден рок.
Сенегалецот нема баш сјајна етапа во Баерн Минхен, а неговиот престој во Германија уште повеќе e доведен во прашање поради недисциплината и неодамнешниот инцидент со соиграчот Лирој Сане.
Агентите на Мане веќе на големо работат на неговиот следен трансфер, а информациите од Германија велат дека напаѓачот е многу близу до преселба во редовите на францускиот гигант Пари Сен Жермен.
„Светците“ очајно ја посакуваат престижната титула во Лигата на шампионите и сакаат да доведат квалитетни засилувања за наредната сезона, а Садио Мане веќе има еден трофеј во елитното натпреварување кој го освои со Ливерпул во 2019 година.
Сумата што Баерн Минхен ќе ја побара за неговите услуги сè уште не е позната, но се шпекулира дека таа би изнесувала околу 40 милиони евра.