Серхио Рамос ја прекина соработката со ПСЖ и не го продолжи договорот со „светците“, а како слободен агент повеќе од два месеци се обидува да си пронајде нов клуб.
Угледната „Марка“ ова попладне уверува дека на ваквиот статус му се ближи крајот, бидејќи легендарниот капитен на Реал Мадрид конечно ставил крај на дилемите и го избрал новиот клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.
Рамос не брзаше да направи трансфер пред истекот на преодниот рок во Европа бидејќи е слободен агент, но во изминатите два дена сериозно ги разгледуваше опциите кои ги имаше на маса.
Едната беше од турскиит великан Галатасарај кој му нудеше 7,5 милиони евра по сезона, но „Марка“ открива дека Рамос се одлучил за втората, а истата доаѓа од Саудиска Арабија.
Угледниот мадридски медиум се повика на свои сигурни извори и тврди дека Рамос ќе му биде нов соиграч на Карим Бензема, односно во наредните 48 часа ќе стави потпис на договорот со шампионот на Саудиска Арабија, Ал Итихад.
‼️ Sergio Ramos era uno de los nombres propios del mercado de fichajes… ¡y ya tiene equipo! según ha podido saber @marca https://t.co/yD2Q0TxNEJ
— MARCA (@marca) September 3, 2023