петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марко Асенсио разочаран заминува од Реал Мадрид

Марко Асенсио разочаран заминува од Реал Мадрид

Марко Асенсио е пред заминување од Реал Мадрид откако пропадна и последната рунда преговори за шпанскиот крилен офанзивец да го продолжи својот престој на „Сантијаго Бернабеу“.

Актуелниот договор на Асенсио истекува на крајот од сезонава, а претседателот Флорентино Перез изрази надеж дека Шпанецот ќе остане во клубот, но тоа по се изгледа нема да се случи.

Според последните информации, офанзивниот фудбалер останал разочаран што Реал по новите договори со Модриќ, Бензема и со Крос го оставил во заден план, воедно испраќајќи му понуда далеку пониска понуда од онаа што Асенсио ја очекувал.

За Асенсио се интересираа клубови од Италија, понуда испрати и ПСЖ, но според последните информации тој е најблиску до преселба во Премиер-лигата, и тоа во таборот на Астон Вила