недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марко Ројс ќе остане во Борусија Дортмунд

Марко Ројс ќе остане во Борусија Дортмунд

Раководството на германскиот фудбалски тим Борусија Дортмунд му понуди нов едногодишен договор на капитенот Марко Ројс.

33-годишниот напаѓач ќе прифати намалување на сегашната плата која изнесува 12 милиони евра и следната сезона ќе заработува 7 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Капитенот на Борусија Дортмунд јавно истакна дека би сакал да остане во клубот до крајот на кариерата, а раководството на „милионерите“ верува дека ќе ја исполни неговата желба.

Марко Ројс има осум гола и седум асистенции на 24 натпревари во дресот на Борусија Дортмунд во сите натпреварувања оваа сезона.