Информациите од Франција велат дека ПСЖ сака да го продаде Марко Верати на лето, од клубот сметаат дека тој заработува повеќе пари отколку што допринесува и има поголема тежина од потребната.
30-годишниот Верати 11 години е во ПСЖ, италијанскиот фудбалер никогаш не играл за клуб од Серија А бидејќи во Франција пристигна од Пескара која тогаш играше во Серија Б.
Верати важеше за незаменлива алка во средниот ред на ПСЖ, но за него оваа беше убедливо најлошата сезона досега.
Според „Ла Паризиен“, има неколку причини поради кои ПСЖ го губи трпението со Верати.
Првата и основна причина се неговите перформанси на теренот, втората е дисциплината надвор од теренот, особено кога станува збор за тежината. Верати се појави на подготовките на тимот видно здебелен.
Тоа за клубот е непростливо откако Верати доби нов и подобар договор според кој заработува еден милион евра месечно.
Ова лето Меси сигурно ќе замине од ПСЖ како слободен играч, а на излезна врата е и Нејмар, голема е веројатноста и Верати да им се приклучи со напуштање на клубот.