По средбата со челниците на клубовите од Серија А, спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота, со широка насмевка им даде повод на новинарите да ги објават големите засилувања на „Џузепе Меаца“.
Интер остана без титула на крајот од сезоната и му ја препушти на градскиот ривал Милан, нo сепак го освоија Купот, а имаат големи планови пред сезоната 2022/23.
Амбициозното раководство на клубот има намера да доведе нови засилувања. Трансферот на искусниот играч за врска Хенрих Мхитарјан од Рома е веќе договорен, но повеќето навивачи се уште ги интересира дали ќе дојде во Милано Пауло Дибал кој е без договор и кој сега ги разгледува понудите.
Марота е експерт за доведување добри играчи без отштета, одлично се снајде во Јувентус, а се чини дека од Торино ќе „грабне“ важен фактор за неговиот тим во наредните сезони.
Откако новинарите го прашаа дали ќе дојде Дибала, Марота со широка насмевка рече: „Ќе видиме“.
Сепак, изразот на неговото лице во голема мера сугерира дека Аргентинецот е на пат и ќе го облече дресот на Интер, а во тек се преговори за враќање на Ромелу Лукаку од Челзи. Доколку дојдат и двајцата, Интер без сомнение ќе биде меѓу главните фаворити за скудетото.