петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марсело не се предава

Марсело не се предава

Бразилецот Марсело и покрај големото заостанување зад Барселона по вчерашниот пораз во ЕЛ Класико, се уште верува дека Реал Мадрид има сили на крајот да го освои трофејот во Ла Лига.

– Лигата не е изгубена, јас не верувам во чуда, но напорна работа ќе донесе резултати. Игравме добро во првото полувреме, како и на почетокот на второто, но примивме гол, направивме пенал и добивме црвен картон. Секогаш е тешко да се игра Барселона, особено кога имате играч помалку, рече Марсело.

Иско на клупата? Тоа е прашање за тренерот, не за мене. Сегашната разлика меѓу нас и Барселона е дека тие имаат добиено повеќе натпревари, додаде еден од најдобрите фудбалери на „Кралскиот клуб“.

Барселона сега има 14 бода повеќе од Реал.