Одбранбениот фудбалер Марсело ќе помине уште една сезона во Реал Мадрид. Бразилецот ја контактираше управата на клубот за да ја разјасни ситуацијата по информациите за можна негова продажба. Триесет и тригодишниот фудбалер добил уверување дека нема за што да се грижи, објави „Марка“.
Реал Мадрид го цени својот заменик-капитен и ја почитува желбата на играчот да го одработи неговиот договор до крајот, кој ќе истече следното лето.
Исто така, на одлуката да се задржи Марсело во тимот влијаеше и мислењето на новиот тренер Карло Анчелоти.
Марсело игра во Реал Мадрид од 2007 година. За тоа време, тој освои 22 трофеи со клубот.