Фудбалерот на Реал, Марсело соопшти дека ќе остане во мадридскиот клуб до крајот на кариерата. Претходно повеќе светски медиуми шпекулираа дека 30-годишниот Бразилец може да се пресели во Јувентус каде замина Кристијано Роналдо.
– Слушнав многу глупави работи, наводно ќе сум одел кај Роналдо во Јувентус. Сакам да потенцирам дека ќе останам во Реал до крајот на кариерата, изјави Марсело за италијанските медиуми. Марсело е во Реал Мадрид од 2007 година.
Со тимот од „Сантијаго Бернабеу“ има четири освоени титули во Шпанија и исто толку во Лигата на шампионите. Во тековната сезона, Бразилецот одигра четири натпревари за Реал Мадрид. (МИА)