Левиот бек на Реал Мадрид постигна договор со шпанските власти кои ги истражуваат даночните измами, договор според кој ќе плати казна од 753.625 евра и ќе добие условна казна затвор од четири месеци.
Оштетата договорена после преговорите изнесува 40 проценти од износот за кој се тврди дека тој ја оштетил државата и изнесува 196.367 евра, додека најголемиот дел од сумата оди како казна за делото, а е 490.917 ера.
Предметот на Марсело е најнов од долгата листа предмети против спортистите со кои се занимаваат даночните истражители околу затајувањето данок.