Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело призна дека играл со рака, а судијата Чакир можел да досуди пенал за Баерн Минхен во реванш дуелот од полуфиналето помеѓу двата тима на Лигата на шампионите (2:2).
Тоа се случи на крајот од првото полувреме во центарот на шеснаесетникот, но не беше забележано од страна на судиите.
– Играв со рака. Топката ме удри во раката и мислам дека тоа беше пенал. Ако го кажам спротивното, ќе излажам, но тоа е дел од фудбалот. Не сакам да зборувам за судиите. Понекогаш тие грешат во наша корист, а понекогаш на наша штета, рече Марсело по дуелот синоќа на „Бернабеу“.