среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Матео Ковачиќ се сели во Манчестер Сити

Матео Ковачиќ се сели во Манчестер Сити

Информациите што доаѓаат од Англија велат дека Манчестер Сити е сериозно заинтересиран да го доведе во својот табор Хрватот Матео Ковачиќ.

28-годишниот фудбалер е еден од најдобрите поединци на грогираниот Челзи, а се вели дека лично Пеп Гвардиола посакал да го види плејмејкерот во редовите на „граѓаните“.

Шпекулациите кажуваат дека актуелниот капитен на Сити, Илкај Гундоган е на излезните порти во Манчестер и веќе има пред-договор со Барселона, а Гвардиола го гледа Ковачиќ како идеална замена за германскиот репрезентативец.

Матео Ковачиќ дојде во Челзи во 2015 година и одигра 140 натпревари за сините. Хрватскиот фудбалер е четирикратен освојувач на Лигата на шампионите, трипати со Реал Мадрид и еднаш со Челзи.