Мауро Икарди со години е во центарот на вниманието на светските медиуми поради сопругата Ванда.
Во 2013 година, аргентинскиот напаѓач ја киднапира атрактивната Аргентинка од својот соиграч Макси Лопез. Набрзо го започнале заедничкиот живот кој бил крунисан со брак.
Поради неа, кариерата на Мауро Икарди тргна во сосема друга насока. Навистина, тој имаше забележителни сезони, особено во Интер, но имаше повеќе проблеми кои често ги предизвикуваше самата Ванда.
Ваква ситуација во моментов има во турскиот Галатасарај. Икарди беше пречекан како крал, но на теренот не покажува речиси ништо и се повеќе се зборува за неговиот брак.
На навивачите на истанбулскиот великан им е доста од вакви приказни. На 29-годишниот напаѓач јасно му порачаа дека подобро е да се посвети на теренот.
“Доста е! Сакаме да зборуваме за вашите цели. Уморни сме да зборуваме за Ванда и проблемите. Подобро почнете да правите нешто на теренот”, порачаа навивачите на Галатасарај.
Откако пристигна во Истанбул од ПСЖ, Икарди одигра само 28 минути за Галата и досега нема ефект.
Да потсетиме, Икарди во претходните три сезони настапуваше за ПСЖ, а претходно како професионалец настапуваше за Интер и Сампдорија.
Овој аргентински напаѓач младешките денови ги помина во Барселона, но во 2011 година реши да замине во Италија.