четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мауро Икарди останува во Галатасарај

Мауро Икарди останува во Галатасарај

Мауро Икарди дефинитивно ја завршува приказната со Пари Сен Жермен, клуб со кој официјално беше под договор од 2020 година.

Тој минатава сезона ја мина на позајмица во Галатасарај каде има одлични настапи и беше меѓу најзаслужните што оваа екипа ја освои шампионската титула во Турција.

Тие изданија му овозможија да остане во Истанбул, поточно Галатасарај се одлучи да плати 10 милиони евра за да ги обезбеди неговите услуги. Аргентинецот пак се согласи на тригодишен договор.

Во таборот на турскиот шампион се очекува да пристигне и шпанскиот бек, Анхелињо што говори дека екипата ќе биде квалитетна и во престојната натпреварувачка 2023/2024.