недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе: Бев обожавател на Роналдо како дете, но подоцна почнав да ја проучувам играта на Меси

Мбапе: Бев обожавател на Роналдо како дете, но подоцна почнав да ја проучувам играта на Меси

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе проговори за неговиот однос кон фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо и ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси.

– Го сакам Кристијано и бев негов голем обожавател како дете, но подоцна почнав да ја проучувам играта на Меси бидејќи кога си млад навивач на Роналдо не можеш да разбереш колку е добар Меси затоа што го сакаш Кристијано, но јас пораснав и сега ми се допаѓаат и двајцата, изјави Мбапе на социјалните мрежи.

Дваесет и четиригодишниот Французин играше покрај Меси за ПСЖ од 2021 до 2023 година.

Оваа сезона Мбапе одигра четири натпревари за францускиот клуб на кои постигна седум гола.

Роналдо одигра пет натпревари за Ал-Наср, постигнувајќи шест гола и пет асистенции.

Меси за Интер Мајами учествуваше на 11 натпревари, постигнувајќи 11 голови и пет асистенции.