сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе доби понуда од 300 милиони евра

Мбапе доби понуда од 300 милиони евра

Ал Хилал започнал преговори за потпис на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Според инсајдерот Фабрицио Романо саудискиот клуб упати официјално барање за трансфер на 24-годишниот Французин и на парижаните им понудил околу 300 милиони евра.

Се известува дека се уште нема преговори со претставници на Мбапе.

Во петокот беше објавено дека парискиот клуб не го одвел 24-годишниот Французин на претсезонска турнеја низ Јапонија и го ставил играчот на трансфер-листа, бидејќи веруваат дека тој се договорил со Реал следното лето бесплатно да се пресели во Мадрид.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е до 2024 година. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра.

Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 41 гол и направи 10 асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања.