сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе: Француската не е најдобрата лига на светот

Мбапе: Француската не е најдобрата лига на светот

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе проговори за неговиот настап во францускиот шампионат.

– Секој има план против Килијан, на секој натпревар. Ова значи дека јас се сметам за извонреден играч. Ова бара неколку адути од мене. И го сакам ваквиот мој статус, затоа што сакам предизвици. Француската не е најдобрата лига во светот, но отсекогаш сум чувствувал одговорност да бидам симбол на лигата и да помогнам да расте. Професионални амбиции? Освои сé, изјави Мбапе.

За Французинот последниве неколку дена во светски медиуми се пишуваше дека уште ова лето може да замине во Реал Мадрид.