Килијан Мбапе и понатаму е главна тема кај француските и шпанските медиуми кои следат што ќе се случи кога станува збор за неговата кариера. Фантастичниот напаѓач и понатаму одбива да потпише продолжување на договорот со ПСЖ и неговиот трансфер во Реал Мадрид многумина го наведуваат како сигурна работа, но сега дојде до застој во преговорите со шпанскиот клуб и францускиот репрезентативец.
Причината е, наведува „АС“, џентлменскиот договор кој двете страни го постигнале пред меѓусебниот дуел во осминафиналето од ЛШ. Дури откако овие два натпревари ќе се одиграат, повторно ќе започнат разговорите околу трансферот.
За потсетување, повторената ждрепка за нокаут фазата од натпреварувањето ги спои овие два клуба кои ќеиграат на 15 февруари и 9 март, а Мбапе одлучи да одигра фер и да ги запре преговорите за преселба од почит кон клубот и неговите навивачи.